Софија оценува дека нема напредок во исполнувањето на договорот со Скопје

Не се очекува промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото за Македонија, пренесе во вторниот Бугарското национално радио, повикувајќи се на свои извори.

Според изворите, Софија останува на позиција дека немало напредок со Скопје по однос на исполнување на Договорот за добрососедски односи во целост.

Во Луксембург денеска се дискутира во Советот за општи работи на кој се очекува одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. Повеќе министри од ЕУ држави упатија поддршка за Скопје и Тирана пред почетокот на состанокот и побараа да не се блокираат двете држави поради постигнатиот реформски напредок.