
Руската ракета Сојуз МС-13 која полета од Космодромот Бајконур, која ги носеше тројцата членови на експедицијата 60-61 на Меѓународната вселенска станица (МВС), успешно се спои со вселенската станица во 1.30 часот изутринава. Пристигнувањето на новиот екипаж се совпаѓа со одбележувањето на 50-годишнината од првото слетување на човечки екипаж на Месечината.
Новата експедиција ја сочинуваат рускиот ветеран – астронаут Александар Скворцов, искусниот италијански астронаут Лука Парматано и американскиот астронаут Ендру Морган, за кој пак ова е првиот вселенски лет.
Новата екипа им се придружи на двата американски астронаути, Кристина Хамак Кох и Ник Хаг, како и рускиот космонаут Алексеј Овчин, во екипажот на МВС.
Екипажот 60/61 ќе помине 201 ден во орбитата и треба да се врати на Земјата во февруари 2020 година. Во тоа време се очекува да спроведат десетици експерименти, почнувајќи од тестирање на прогноза и олеснување на природните катастрофи, до проучување на нивоа на радијација на вселенската станица. Тие, исто така, ќе го пречекаат првиот астронаут од Обединетите Арапски Емирати на почетокот од септември.