Седумгодишниот Самир Хусеин од Загреб беше прегазен од пијаниот возач Дарко К. пред куќниот праг.
– Се слушна страшен удар. Комбето со сите четири тркала го прегази детето и продолжи да вози. Почнав да трчам по него можеби еден километар. Викав: Дојди,дојди! А тој уште толку притисна на гас, сепак не можеше тој толку брзо да вози колку што јас можев во тој момент да трчам. Го стигнав и му отворив врата, го прашав дали знае што направил? Го извадив од автомобилот со помош на уште неколку соседи и го внесовме во куќа. Беше толку пијан што не можеше ни да оди, раскажуваше низ солзи вујкото на 7- годишниот Самир.
Единаесетчленото семејство Хусеин не дочека да го испрати малиот Самир во училишните клупи, а несовесниот возач, кој продолжил да вози како ништо да не се случило ја шокираше јавноста со својата изјава.
„Што сакате вие Роми од мене?“, раскажуваат сведоците за зборовите на пијаниот возач.
Додека чекале полицијата да дојде, на пијаниот возач соседите се труделе да му објаснат дека тој убил дете. Одговорот на Дарко бил шокирачки: „Не е важно, еден Ром помалку“.
Имено, Дарко К. возел со 3,43 промили алкохол во крвта.
.