Писмо испратено есклузивно до весникот „Лајм“:
„Поздрави ви испративме и преку Исмет Гури за Али Ахмети и кланот од Зајаз. Позади Ел Чека стоиме ние, така да кој се чепка со него и неговото семејство, се чепка со сите нас. Никогаш не било во албанската традиција да се напаѓаат жени и деца. Ел Чека е под наша наредба и прави она што му кажуваме, и ако некој се обиде да му направи нешто, како што му се закануваат, затворот ќе е мал за да не задржат нас. Ние чекаме меѓународна истрага за нашиот случај што по автоматизам ќе ни ја донесе слободата, бидејќи се знае кои се виновниците, гадовите албанци кои постојано им служат на антиалбанските сили во фотељите на власта и оние кои избегаа во Унгарија. Ние сакаме да излеземе со главата горе од овде, не дека не можеме да избегаме, туку бараме само правда! Поздрав од мене Сами Укшини, Вал Зека и Шек Халаќи!“.