Почетокот на годината е идеално време за детоксикација. Главни „ѕвезди“ моментално се супите за слабеење!
За разлика од минатата година, кога зелениот сок им беше фаворит на лавните, сега се повеќе убавици се насочуваат кон супите кои лесно се подготвуваат и се преполни со антиоксиданси.
Ви носиме неколку рецепти за супи за слабеење:
Супа од тиква
Состојки:
-1 средна тиква
-2 лажици маслиново масло
-2 лажици кокосово масло
-1 поголем исецкан кромид
-2 чешниња лук
-2 лажици исецкан ѓумбир
-1лажичка ким
-1/2 лажичка коријандер
-3 шолји обична пилешка супа
Начин на подготовка:
Исчистете ја тиквата и зачинете ја со сол и бибер, на секој половина ставете по една лажица маслиново масло па печете во рерна на 200 степени оолу 35 минути – треба да стане потполно мека.
Во меѓувреме, на кокосовото масло добро продинстајте ги кромидот и лукот, а потоа додадете ги ѓумбирот и сите преостанати зачини.
Издинстајте ги неколку минути, за да се измешаат вкусовите, па потоа сипете ја супата и посолете по вкус.
Оставете смесата да се вари додека тиквата не се испече, а потоа додадете ја во тенџерето со супа и варете уште десетина минути.
На крајот смесата ставе ја во блендер и ќе добиете прекрасна портокалова супа, која можете да ја служите прелиена со маслиново масло или со малку павлака.
Зелена супа од праз и целер
Состојки:
-2 средни парчиња праз
-2 лажици маслиново масло
-сол
-3 чешниња лук
-1 лажица мајчина душичка
-1 среден корен целер (исчистен и исечкан)
-2 ½ шолјои класична супа
-2 лажици сок од лимон