Соларно бродче заплови во водите на Преспанското Езеро од општина Пустец. Ова туристичко бродче кое функционира на соларна енергија и кое ќе служи за промоција на туристичките вредности на оваа општина, пренесува МИА.
На инагурацијата покрај градоначалникот Едмонд Темелко и жители на општината, присуствуваше и префектот на Корча, Ардит Кономи.
Ова соларно бродче, Општината го доби во рамки на заедничкиот проект со општина Преспа, Грција.
Станува збор за проектот „Green Boat“ (Зелен брод) финансиран од ИПА програмата на Европската унија за прекугранична соработка.