Солер пет години во ПСЖ, Дракслер се сели во Бенфика

Францускиот фудбалски првак Пари Сен Жермен последните моменти од летниот преоден рок го ангажираше досегашниот капитен на шпанска Валенсија, 25-годишниот Карлос Солер, додека Германецот Јулијан Дрекслер како позајмен играч ѝ го отстапи на португалска Бенфика.

Солер игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред и досега впиша десет натпревари за шпанската репрезентација за којашто дебитираше во септември минатата година. Со ПСЖ сега потпиша петгодишен договор, чијашто вредност не е веднаш соопштена.

Истовремено, клубот објави дека 28-годишниот Дрекслер до крајот на сезоната ќе биде дел од португалскиот великан Бенфика.

Дрекслер, кој исто така, е играч за врска, има договор со ПСЖ до летото 2024 година, но не е во плановите на новиот тренер Кристоф Галтиер. Малку настапуваше и во завршницата од минатата сезона, а последниот лигашки настап ги имаше уште на 20-ти март.

Дрекслер е четвртиот играч кој во четвртокот го напушти ПСЖ. Претходно заминаа Лејвин Киурзава во англиски Фулам, Идриз Гуехје исто така во англиски Евертиона, а Абду Диало во германски РБ Лајпциг.