Градот Солсбери, во грофовијата Волтшир, кој стана светски познат по нападот со нервен агенс врз поранешен двоен руско-британски шпион и неговата ќерка, е проглесн во неделата за најдобро место за живот во Англија.
Оваа тутула на градот му ја додели весникот The Sunday Times, бидејќи „со вистински колективен дух“ одговорил на нападите со нервен гас вез Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март 2018 година.
„Салсбери покажа вистински колективен дух во соочувањето со хемискиот напад кој ова гратче го донесе на насловните страници поради прогрешни причини. И натаму постојат делови од градот каде што продолжува чистерето, но тоа што жителите по сето тоа излегоа е уште посилен знак на многу посебена заедница“, вели уредничката на The Sunday Times, Хелен Дејвис.
Додава дека на првото место го ставиле овој град и поради неговата близина на крајбрежното подрачје, селата и на Лондонм, како и поради неговите силни образовни и културни институции.
Скрипал ги преживеаја нападот, но во јуни жителката на градот Даун Страрџес почина откако нејзиниот партнер Чарли Роули ѝ дал фрлено шишенце парфем во кој наводно го имало нервниот отров. Роули и натаму има здравествени проблеми во врска со труењето, а пред десетина дена разговараше со рускиот амбасадор во Лондон.
Британија обвини двајца мажи од Русија за кои тврди дека се припадници на военото разузнавање ГРУ за труењето, а тие велат дека се деловни луѓе и не негираат дека престојувале во Солсбери но како туристи. Русија категорично ги отфрла тврдењата дека овој нервен гас е разработуван во поранешниот Советски сојуз, како и дека имала мотиви за нападот врз Скрипал кого пред девет години го замени со руски државјани обвинети во САД за шпионажа.