Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и поранешен репрезентативец на Норвешка, Оле Гунар Солскер пред неколку часа и официјално е преставен како нов менаџер на англискиот премиерлигаш Кардиф.
Своето официјално деби во жешката менаџерска фотеља, Солскер ќе го има веќе во сабота, кога неговиот тим ќе се обиде да забележи позитивен резултат во натпреварот од англискиот ФА Куп, во кој за противник го има незгодниот тим на Њукасл.
“Фантастичен предизвик за мене. Кардиф е подготвен да направи нов чекот нанапред. Се надевам дека јас ќе бидам тој кој ќе им помогне. Од секогаш сонував како сум менаџер на еден клуб кој се натпреварува во англиската Премиер лига, а сега сум многу среќен што добив шанса да го реализирам големиот сон”, изјави Солскер.