Солун денеска без јавен превоз

Протестите во овој сектор траат веќе 10 дена.

– Работниците настојуваат да им бидат исплатени заработените плати за последните три месеци, изјави претседателот на нивниот синдикат, Димитрис Церменидис.

Тој се закани, дека возачите на автобуси во Солун нема да отстапат и дека нема да седнат во возилото, ако не им бидат исплатени платите.