![bjb-savovski-solun](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/bjb-savovski-solun.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски денеска во Солун е на средба со неговиот грчки колега Константинос Сувалас.
Од Министерството за внатрешни работи оценуваат дека се работи за состанок од исклучителна важност бидејќи е прв од ваков вид меѓу директорите на двете полиции и е можност за размена на информации за мигрантската криза и за подобрување на соработката меѓу двете полициски служби во сите сфери од заеднички интерес.
Нивото на полициската соработка помеѓу двете полициски служби е значително подобрено од август 2015 година па наваму – веднаш по прогласувањето на кризната состојба одржан е координативен состанок, по што зачестени се средбите и состаноците на регионално и на централно ниво. Позитивно се одговара на барањата за средби и секогаш во многу краток период се организира средба кога тоа ќе го побара некоја од страните, се наведува во соопштението од МВР.
![Солун: Директорот на БЈБ Савовски на средба со неговиот грчки колега](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/bjb-savovski-solun-2.jpg?resize=640%2C356)
МВР нагласува дека состанокот е можност соработката да се прошири и на други области од полициското работење согласно иницијативите предложени на претходните средби – борба против криумчарење мигранти, обуки, заеднички истражни тимови итн.
Денешната посета се реализира на покана на директорот на полицијата на Грција.