Сомалиец фатен на граница со украдено возило

Дваесет и двегодишен Сомалиец вчера се пријавил на граничниот премин Табановце со возило „ровер“ со кумановски таблички при што било утврдено дека истото било украдено.

Тој кажал дека возилото е на неговата сопруга, но по извршените оперативни проверки утврдено е дека возилото е сопственост на лице од селоТабанобце.

Лицето е приведено, се работи на целосно расчистување на случајот.