Сомалиец кој избоде жени и дете уапсен во Италија

Италијанската полиција уапсила сомалиски барател на азил отако во соаботата вечерта во туристичкиот град Римини со нож повреди четири жени и шестгодишно дете, пренесува во неделата новинската агенција ANSA.

Иследниците во неделата исклучуваат дека станува збор за терористички напад, се додава во агенциската вест.

Министерката за внатрешни работи Лучана Ламоргесе нападот го оцени како „крајно сериозен“ и во соопштението порача дека во понеделник ќе престојува во Римини на средба со тамошните безбедносни функционери.

Мажот во автобус со нож ранил две контролорки на билети и потоа при бегството ранил уште три други лице, од кои едно е дете, пренесуваат италијанските медиуми.

По инцидентот, водачот на десничарската страна Лига која е дел од владејачката коалициција, Матео Салвини, во водео-снимка на Facebook ја критикуваше министерката Ламоргесе.

Салвини, кој и самиот беше министер за внатрешни работи и вицепремиер во 2018/2019 година, со месеци врши притисок врз Ламоргесе да усвои построга миграциска политика.

Дваесет ишестгодишниот Сомалиец со месеци престојувал во Италија и поднел барање за азил. Во Европа пристигнал со големиот мигрантси бран во 2015 година и веќе поднесувал барања за статус бегалец во Данска, Шведска, Германија и Холандија. Нејасно, е зошто не бил депортиран, откако му биле одбиени барањата.