Од 5-ти до 12-ти април 2023, ќе има избори за предлог делегати на Стоматолошка комора на Македонија, во сите 22 региони, кои ќе се стават на изборни листи, а избраните делегати ќе одлучат кој да биде претседателот на комората.
Бидејќи никаде досега не е објавено каде ќе се одржуваат собирите за предлагање делегати, нема дата и час, тоа укажува на нетранспарентност и фалсификат.
Од друга страна уште на самиот почеток има прекршување на повеќе процедури кој ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив.
Воедно актуелниот претседстел на комората Маријан Денкоски и кандидат за повторен избор, пред само еден месец донел нов Статут на комората, по негов терк и е дискриминирачки по повеќе основи за многу стоматолози.
Се дискриминираат младите доктори, со што за учество им се бара повеќе години стаж.
Во одредени градови како Тетово и Гостивар, стоматолозите Македонци немаат загарантирано место за делегат, како што беше досега, тоа право им припаѓа само на малцинствата.
За претседател на комората повторно дискриминација, бидејќи се бара 2 мандати претходно во исклучиво 2-3 тела во комората, со што се елиминирани еминентни квалитетни стоматолози од приватно и јавно здравство, како и професори од факултетите во Скопје.
Дури немаат право ниту сите стоматолози да гласаат, со што комисијата за анти дискриминација ќе има полни раце работа.
Од друга страна, изминативе години , во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста, за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба, во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање на настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуелниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана на 14.02.2023 го повикува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив.
Самиот актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, изјавува дека е предлог на владејачката партија СДС и ја има нивната поддршка.
Дали е тоа така и дали СДС ги оправдува нерегуларностите во комората, треба да одговорат?
Воедно стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребите и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелигитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора.