Сомнителниот пакет во фабрика на „AstraZeneca“ е безопасен

Сомнителниот пакет во фабриката во Велс во кој се произведува вакцината против коронавирусот којашто ја создадоа англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд е сигурен а распоредот на производствтото не е нарушен, објави во средата вечерта компанијата „Wockhardt UK“.

„Можеме да потврдиме дека е довршена истрагата на сомнителниот пакет кој денеска пристигна. Бидејќи безбедноста на вработените е нашиот главен приоритет, производството привремено беше запрено, на безбеден начин. Сега можеме да потврдиме дека пакетот е сигурен, а вработените ќе се вратат во постројката“, сопштија од „Wockhardt UK“ чијашто фабрика во Врексам во Велс ја произведува вакцината на „AstraZeneca“.

„Овој привремен прекин на производството на ниеден начин не влијаеше врз нашиот распоред на производството и благодарни сме им на власите и стручњаците на нивниот брз одговор и решавање на инциденот“, се заклучува во соопштението.

Фабриката била евкауирана во средата во попладневните часови, по примањето на „сомнителен пакет“, а британскиот јавен сервис BBC извести дека на теренот е испратен тим за експлозиви.

Инцидентот се случи во време кога Европската унија од „AstraZeneca“ бара од фабриките кои се наоѓаат во Велика Британија да ја снабди со повеќе дози од вакцината, откако компанијата минатата седмица извести дека на ЕУ ќе ѝ достави 60 отсто помалку дози отоколку што се ветени за првиот квартал во 2021 година.

Фармацевтската компанија наведе дека ќе испрати помалку дози поради проблеми во производството во фабриката во Белгија, како и во погоните во Холандија, но Европската комисија ѝ порача дека и постројките во Велика Британија исто така се дел од договорот и дека мора да го исполни.

Од „AstraZeneca“ во соопштението од средата објавија дека „секој синџир за снабдување е развиен со вложување на одредени земји или меѓународни организации врз основа на договор за снабдување, вклучително и нашиот договор со Европската унија“.