Иако во Мадрид стравуваа од можните навивачки безредија пред и по натпреварот меѓу Ливерпул и Тотенхем во саботното финале од фудбалската Лига на шампионите, на крајот енормната горештина беше поголема причина за проблеми.
Лекарите во саботата и неделата им пружиле медицинска помош на 172 лица, известија во неделата претставниците на службата за итна помош на шпанската престолнина. Од тоа 16 лице биле јоспитализирани. Неколку дена пред натпреварот, веќе им била пружена помош на 50 лица. Во повеќето случаи се работело за дехидрации и сончаници, а потоа и алкохолизираност и повреди при падови или агресивно оденсување.
Во неделата температурата достигнала 39 Целзиусови степени, а слична горештина владеела и пред саботниот натпревар која на двата мадридски плоштад, во своите навивачки зони симпатизерите на Ливерпул и Тотенхем од утроро консумирале алкохол. Ретки меѓу нив корстеле креми за сончање.
Во Мадрид пристигнале околу 90.000 навивачи на Ливерпул и Тотенхем. Во градот биле респоредени 4.700 полицајци и обезбедувачи, што е 700 повеќе отколку на натпреварот од висок ризик меѓу аргентинските Бока Јуниорас и Ривер Плејт кој во декември го играа финалето на Копа Либертадорес. Ниту тогаш не беа забележани поголеми безредија.
Вечерта пред натпреварот и на денот на одигрувањето на финалето биле уапсени девет англиски навивачи поради судири со припадници на обезбедувњето и нарушување на јавниот ред и мир. Еден навивач на Ливерпул е приведен по мастурбирање на главниот плоштад Пуерто дел Сол при што е обвинет и за напаствување и удирање една италијанска туристка. Приведени се и неколку препродавачи на влезници.
Неделата во Мадрид протекува мирно, постепено се отстрануваат обележјата на Лигата на шампионите, а навивачите во црвени и во бели дресови седат на терасите од кафулињата или се движат кон аеродромот. Овој викенд би требало да биде соборен и рекордот во дневниот број патници на мадридскиот аеродром.
Мадрид пред саботниот натпревар беше домаќин на финалето од фудбалската Лига на шампионите во 2010 година, кога тогаш на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ кој е дом на Реал Мадрид, играа Интер и Баерн Минхен а италијанскиот клуб славеше со 2:0. Во саботата на стадионот „Ванда Метрополитано“, на кој игра Атлетико Мадрид, Ливерпул со истиот резултат 2:0 го совлада Тотенхем.