![dozd sonce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/06/dozd-sonce.jpg?resize=696%2C349&ssl=1)
До петок ќе се задржи стабилно и релативно топло време. По котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност, најизразени утре наутро, информира УХМР.
Во сабота ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а во недела со врнежите од дожд ќе дува и засилен северозападен ветер. Дневната температура од недела ќе биде пониска.