Времето во петок во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер, додека попладне, главно на североисток и северозапад од земјата, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Вредноста на УВ иднексот ќе достигне 9.
Дневните максимални температури ќе се движат во интервалот од 27 до 32 Целзиусови степени во западните и југозападните региони, и од 31 до 36 спени во источни делови и на крајниот југ.
Во Скопје и околината максималната дневна температура ќе достигне 34 степени.
Во текот на викендот во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.