Денес не очекува сончево и топло време, а максималната температура ќе достигне до 38 степени.
Во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и ретки грмежи особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 31 до 38 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Наредните денови ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи.
За време на викендот и во почетокот на наредната недела се очекува нестабилноста да биде поизразена и застапена на повеќе места.