Сончево со локални врнежи од дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од западен правец.

Максималните дневни температури во Скопје ќе достигнат до 23 Целзиусови степени, во Крива Паланка 18, во Маврово 15, Дојран 25, Битола 20, Кавадарци 24, Охрид 19…

Утре времето ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локални поројни дождови и појава на грмежи. Дневната температура ќе се движи од 17 до 24 степени.

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде постабилно и потопло со максимални дневни температурии и до 27 степени…