Сончево време со мала облачност не очекува во текот на денешниот ден. Ќе дува слаб променлив ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Температурата ќе се движи од 27 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Температурата ќе достигне до 34 степени.
До крајот на работната недела времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура. Во сабота попладне и во недела во текот на денот претежно во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во недела ќе дува и повремено засилен северен ветер.