
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 32 Целзиусови степени, во Маврово 24, Кавадарци 34, Берово 27, Охрид 29, Битола 31, Дојран 35…
И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и услови за појава на краткотраен дожд во планинските подрачја. Дневните температури ќе се движат од 29 до 37 степени.
Во понеделник максималните дневни температури ќе се движат од 25 до 34 степени, а во попладневните часови можни се поројни врнежи од дожд.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, посвежо, ветровито со засилен северен ветер и дневни температури од 22 до 29 степени.