Времето во вторникот во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во западните планински делови со услови за локален краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Утринските температури се движат од 4 до 14 степени, а дневните ќе достигнат до 26 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо време со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Врнежи од дожд се очекуваат во среда и петок, особено во јужните делови од земјава.