![esen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/09/esen.jpg?resize=630%2C473&ssl=1)
Времето во Македонија изутрина ќе биде свежо, а во текот на денот претежно сончево и потопло со слаб северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до осум, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од четири до 19 степени.
И утре преку ден ќе биде суво и уште потопло. Ново значително заладување проследено со засилен северен ветер и локален дожд ќе има в сабота.
В недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник повторно се очекува заладување со засилен ветер и врнежи од дожд и снег на планините.