
Сончево и многу топло време за овој период од годината не очекува денес. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има и слаб локален дожд. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Од среда следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд, а дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.