Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер, температурата ќе достигне до 33 степени.
Од утре во попладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.