Сончево и топло до 21 степен

сончево

Утринската температура ќе се движи од нула до шест степени, а дневната од 12 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен и југоисточен ветер. Температурата ќе достигне до 20 степени.

Од понеделник под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе има услови за појава на ретки грмежи и засилен ветер. На повисоките планини во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Пообилни врнежи се очекуваат во среда во западните и јужните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе надминува 30 литри на метар квадратен, а локално и над 40 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен, на места повремено засилен северен ветер и ќе предизвика опаѓање на дневната температура.