
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информираат од УХМР.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието силен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува до околу 70 км/час. Утринската температурата ќе се движи од 12 до 19, а дневната од 21 до 30 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до силен северозападен ветер. Утринската температура до14 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени.
И во наредните денови променливо облачно со сончеви периоди

Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови повторно ќе има услови нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилување на ветерот.