Сончево, топло со температури до 36 степени

Временската прогноза за денеска е сончево и значително потопло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја во западните делови ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 33 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 32, Кавадарци и Дојран 36, Крива Паланка 30, Берово 28 степени.

Прогнозата за утре е сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот со краткотраен локален дожд понекаде во планинските региони. Ќе дува умерен до повремено засилен северозападен ветер. УВ=8.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 32, Маврово 25, Охрид 29, Битола 31, Кавадарци 33, Крива Паланка 30, Берово 26, Дојран 34.