
Утринската температура ќе се движи од минус осум до нула, а дневната од пет до 12 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до шест степени.
Во среда ќе преовладува сончево време со умерена облачност и со пораст на дневната температура. Утрата и во наредните денови ќе бидат студени, особено во среда кога температурите насекаде ќе бидат под нулата и ќе се движат од минус осум до нула, а дневната највисока температура од пет до 12 степени. Во наредните денови дневната температура ќе биде во пораст.