![soncevo-esen](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/soncevo-esen.jpg?resize=500%2C333&ssl=1)
Во Скопје ќе биде сончево и тивко со појава на магла со променлива видливост. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до девет Целзиусови степени.
Максималната дневна температура во Дебар ќе биде 13 степени, во Маврово 13, Охрид 14, Битола 13, Крушево 13, Гевгелија 17, Струмица 12, Кавадарци 15, Радовиш 15, Берово 15, Штип 16, Крива Паланка 15, Свети Николе 14, Виница 15…
И во наредните три дена времето ќе биде сончево и суво со утринска магла по котлините. Дневните температури ќе се движат во интервал од 9 до 18 степени.
Во петок и сабота се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.