Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и североисточните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 15, а максималната од 24 до 31 степен.
И во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со услови за локален пороен дожд и грмежи. Темпратурата ќе се движи од 13 до 30 степени.
До четврток времето ќе се задржи нестабилно, околу пладне и попладне ќе биде со локална појава на пороен дожд и грмежи со променлив интензитет.
Во четврток ќе дува засилен северен ветер, а од втората половина на денот ќе настапи постепена стабилизација на временската состојба.