Сончево време со умерена облачност, попладне дожд

Сончево време со умерена облачност и со слаб јужен ветер не очекува во текот на денешниот ден. Попладне е можна изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 24 степени.

До среда времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Во четврток, под влијание на влажен бран од Медитеранот, повторно ќе биде нестабилно со локален дожд, грмежи и засилен јужен ветер, особено во западните и северните делови.