Во Скопје слично време, претпладне со ниска облачност, а преку ден сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до осум степени.
Во наредните денови не се очекува промена на времето, освен во деновите од викендот кога ќе има услови за слаб локален дожд. Дневните температури ќе бележат постепен пораст.