Сончево време со температура до 32 степени

Сончево време со температура до 32 степени не очекува во текот на денешниот ден. Како што информираат од УХМР, времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб,а во западните делови повремено умерен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе се движи од 25 до 32 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб умерен ветер од југозападен правец.

Температурата ќе достигне до 29 степени, а УВ индексот ќе има висока вредност, седум.

До вторник ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Ќе дува и умерен повремено засилен ветер од југозападен правец, па така на некои места највисоката дневна температура на воздухот ќе го надмине 30-от степен целзусов.

Поради невообичаено високите темпратури за овој период во годината, Министерството за здравство излезе со препораки. Препораките можете да ги проследите на следниот линк.

Во вторник пад на температурите

Во вторник во вечерните, а особено во ноќните часови се очекува зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд. Потоа под влијание на северно воздушно струење дневните температури значително ќе опаднат.