На територијата на Македонија денес се очекува да преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Како што соопштува УХМР, температурата во текот на денешниот ден ќе се искачи до 30-иот степен. УВ индексот ќе изнесува 7.
И во Скопје сончево време со мала до умерена облачност
![И во Скопје сончево време со мала до умерена облачност](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/07/Skopje-plostad-640x400.jpg?resize=640%2C400)
Во Скопје и околината во текот на денешниот ден ќе преовладува слично време. Се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со температура до 27 степени Целзиусови.
Следува стабилизација на времето
![Следува стабилизација на времето](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/soncevo-i-toplo-vreme-so-temperatura-do-31-stepen.jpg?resize=640%2C400)
По изминатите денови кога Македонија беше зафатена од дождови и нестабилни временски услови, метеоролозите од денес најавуваат стабилизација на времето и благ пораст на температурите.