Сончеви периоди претпладне, попладне дожд и засилен ветер

Подрачјето на Македонија и натаму ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно и во вторникот, па претпладне се очекуваат сончеви периоди, а од пладневните часови особено на југоистокот, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На повеќе места особено попладне и во вечерните часови нестабилно, со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. УВ индексто ќе има вредност 6.

Утринските температури се движат во интервалот од 12 до 19, додека максималните дневни ќе достигна меѓу 22 и 30 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура достигна 16 степени, а дневната ќе достигне 28 Целзиусови степени.