Сончево и малку потопло со умерена облачност

Во Македонија во четвртокот ќе преовладува сончево време со малку повисоки температури од претходните денови, ќе има мала до умерена облачност, која ќе биде поизразена во источните делови од земјата.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринските температури се движат од 4 до 11, додека максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 15 и 21 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината, исто така, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, температурата ќе достигне до 20 степени.