
И во вторникот во Македонија ќе продолжи стабилното и топло време натаму, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во планинските подрачја ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Утринските температури се движат во интервалот меѓу 12 и 19, додека во текот на денот највисоките соодветно ќе бидат од 27 во југозападниот дел од земјата до 38 Целзиусови степени на крајниот југ.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, со температура до 37 степени.