Сончево и многу топло

Во Македонија во саботата ќе преовладува претежно сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Вредностан на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе изнесува 8 .

Утринските температури се движат меѓу 12 и 22, додека максималните дневни ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 39 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 38 степени.