Сончево и многу топло, попладне локална нестабилност 

Во петокот во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Вреднота на ултравиолетовото зрачење (UV) и денеска ќе биде висока 9.

Утринските температури се движат од 10 до 20, додека во текот на денот ќе биде во опсегот меѓу 30 и 40 Целзиусови степени.

Во Скопје и околонта и денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Прогнозираната температура е 39 степени.