Сончево и многу топло, попладне локални услови за невреме

И во средата во Македонија ќе продолжи сончевото и многу топло врме. Попладне, претежно во западните и јужните делови, ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и услови за краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе има вредност 9.

Утринските температури се движат во интервалот од 12 до 20, додека највисоките дневни соодветн ќе бидат од 30 до 40 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска ќе преовладува многу топло време,  попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.