Во средата во Македонија ќе преовладува и натаму сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, на повеќе места со брзина над 60 километри на час. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има за малку помала од претходните денови вредност 9.
Утринските температури се движат од 17 до 23, додека максималните дневни ќе бидат соодветно во интервалот меѓу 27 и 42 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина, исто така, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен, ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 36 степени.