Во четвртокот се очекува пикот на актуелниот топлотен бран што ја зафати територијата на Македонија, и се очекува повторно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе биде 8.
Утринските температури се движат 13 и 22, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во опсегот меѓу 32 и 41 Целзиусов степен.
И во Скопје и околината, исто така, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и температура до 40 степени.