Сончево и многу топло со температури до 40 степени

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.

Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.

Минималната температура се движи во интервал од 13 до 21, а максималната од 31 до 40 Целзиусови степени.