![letma zega 01](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/letma-zega-01.jpeg?resize=640%2C428&ssl=1)
Во Македонија во вторникот ќе преовладеува сончево и многу топло време со мала локална облачност, а дневните температури ќе бидат за неколку степени повисоки од изминатиот период.
Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) и натаму има висока вредност 10.
Утринските температири се во распонот од 13 степени во западните планински подрачја до 22 во централниот дел на земјата до 24 на крајниот југ. Максималните дневни соодветно ќе бидат во интервалот од 31 до 42 Целзиусови степени.
Во Скопје и Скопската котлина денеска ќе биде сончво и топло, со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Температурата ќе достигне до 40 степени.
Во среда ќе провладува сончево и топло време со благ пад на дневните температури. Утринските температури ќе бидат од 14 до 23 степени, додека, пак, дневните ќе се движат во интервал од 27 до 38 степени.
Во четврток нѐ очекува сончево и посвежо време со дополнителен пад на температурите. Утринските температури од 11 до 20 степени, додека, пак, максималните дневни температури ќе движат во интервалпот од 19 до 30 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.
Во Македонија во петок се очекува свежо утро со утрински температури од 6 до 15 степени. Во текот на денот ќе преовладува сончево и потопло време со пораст на дневните температури коишто ќе се движат во интервал од 23 до 34 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.