Времето во сабота во Македонија ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови. Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Утринската температура се движи од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 Целзиусов степен.
УВ-индексот ќе ома вредност 8.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 38 Целзиусови степени.
Во недела и понеделник температурата ќе се намали за неколку степени, а од вторник повторно ќе биде во пораст.