![sonce](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/sonce.jpg?resize=696%2C391&ssl=1)
Времето во петокот во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност, ќе дува слаб до умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец (на места со брзина над 70 км /час) а во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд.
Утринската температура се движи од 8 до 16, а максималната дневна ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 34 степени.
Во сабота ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени.
Услови за краткотраен пороен дожд ќе има и во недела претпладне. Потоа продолжува стабилно време со нешто пониски дневни температури.