Времето во вторникот во Македонија ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена облачност.
Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утринските температири се движат од 1 и 2 степени во планинските региони и на повисоките места, до 10 степени на југот. Максималните дневни соодветно ќе се движат во интервалот меѓу 11 и 22 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура падна до 5 степени, а дневната ќе се искачи до 18 Целзиусови степени.