Во четвртокот на подрачјето на Македонија ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне, особено во северните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.
Утринските температури се движат меѓу 9 и 13, додека соодветно максималната температура ќе биде во интервалот од 23 до 30 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Прогнозираната максимална температура е до 26 степени.